ФОТО | Монструмот Нермин бил близок со оваа пејачка, по убиството таа се обидела да ги уништи сите докази
Минатогодишната кандидатка за натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Мелиха Имшировиќ, го познавала монструмот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, кој брутално ја претепал, а потоа ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, додека повредил уште три лица.
И младата пејачка е од Градачац, а убиецот го познавала од теретана, каде монструмот работел како инструктор.
Имено, до неодамна на нејзиниот Фејсбук профил имаше фотографии од нејзиниот тренинг со Нермин во теретаната каде што тој беше вработен.
Меѓутоа, штом се случило ова монструозно злосторство, пејачката ги отстранила овие фотографии од својот Фејсбук профил.
Инаку, Мелиха се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во 2021/22 година, а нејзин ментор беше Марија Шерифовиќ. По шоуто ја сними својата прва песна „100% Босанка“, а судејќи по објавите на Инстаграм редовно настапува.
– По професија беше фитнес тренер во градот. Тоа беше многу одамна, пред две и повеќе години. Навистина не би сакала да коментирам… Жал ми е за ситуацијата – рекла Мелиха и додала дека го познава „само површно“.
– Го познавав само преку тренинг . Пријатно и благодарам – рече Мелиха.