ФОТО | ‘НЕ ФАТИЛ РИБА, ТУКУ ЧУДОВИШТЕ!’ – Погледнете го најголемиот уловен сом досега – рибарот тврди дека водел 40-минутна ‘битка’ со големиот ‘џин’!

Алесандро Бјанкарди уловил сом во Италија за кој се очекува официјална потврда дека е најголемиот улов досега ! 

Ова е веројатно нов светски рекорд за должина на сом бидејќи рибата била долга речиси 285 сантиметри. Сепак, Алесандро Бјанкарди одлучил да не мери колку е тешко „чудовиштето“ од реката, ниту дали е постигнат нов светски рекорд во тежина, поради страв да не му наштети.

Огромниот сом беше уловен кон крајот на минатиот месец во реката По во северна Италија. „Беше долг 285 сантиметри. Тоа е нов светски рекорд“, објави Алесандро Бјанкарди на социјалните мрежи. Рибарот опишал 40-минутна битка со неверојатното суштество. Тој наведува во неговите објави дека сега имал чувство дека се борел со праисториска риба.

Погледнете ја фотогалеријата ОВДЕ.

Тивко се приближив и по неколку фрлања имаше силен залак. Рибата стоеше неколку секунди пред да започне многу комплицирана борба. Кога рибата конечно излезе на површина сфатив дека сум уловил чудовиште“, напишал Алесандро Бјанкарди и нагласил дека тој испаничил кога видел дека се справил со најголемиот сом што го видел во својата 23-годишна рибарска кариера.

Алесандро Бјанкарди рекол дека никогаш не помислил дека тоа најверојатно ќе биде најдолгиот сом кој некогаш бил уловен. „Десет луѓе присуствуваа на официјалното мерење на рибата на душекот“, рекол тој. Документацијата е испратена и се чека официјална потврда од Меѓународната асоцијација дека сомот од реката По е најдолгиот уловен досега. Рибата веројатно ќе го надмине актуелниот светски рекорд за должина на сом за помалку од четири сантиметри, доколку тоа го потврди здружението.