ФОТО | Поради неа на момците им застанува здивот! Познатата манекенка знае како да си го испромовира својот бренд: Позираше под туш, но сите очи се вперени во нејзиниот…

Манекенката и претприемач Емили Ратајковски секогаш наоѓа нови начини да ја пласира сопствената бикини линија на нејзиниот бренд „Inamorata Woman“.

Оваа недела 31-годишната манекенка сподели со светот како изгледа нејзината нова кампања. Наместо да позира на чиста плажа со бел песок или покрај луксузен базен, убавицата ги покажа своите најнови дизајни под обичен туш со сини плочки.

Една од најубавите жени во светот позираше во црвено бикини со долен дел од танга, а косата и беше пуштена на сите страни.

Емили Ратајковски

Ѕвездата во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека колекцијата ќе се вика „Inamorata Woman x Mirror Palais“ и истакна дека колекцијата ќе биде лансирана на 26. мај.

Емили Ратајковски

Очигледно, нејзиниот бренд се здружи со брендот „Mirror Palais“ од Њујорк. Имено, „Mirror Palais“ е одржлив бренд за женска облека основан во 2019 година од Марсело Гаја. Откако работел како стилист речиси една деценија, Марсело Гаја решил да создаде сопствен бренд, со мисија да ги слави „самоуверените жени кои го инспирираат“. Неговите бикини го одразуваат неговото бразилско наследство, неонските принтови се секогаш главни инспирирани од осумдесеттите години на минатиот век.