Фустанот на Анџелина Џоли одговара на секоја жена и ги крие сите маани: Може да се носи буквално во секоја пригода и е безвременски (фото)

Пеколните горештини не ја спречуваат Анџелина Џоли да продолжи да носи долги, монохроматски фустани. Модниот минимализам на кој таа е верна веќе подолго време предизвикува позитивни реакции, а така беше и овојпат кога се фотографираше на улиците на Њујорк.

Анџелина Џоли се појави пред хотел во Сохо со најмладата ќерка Вивиен. Актерката низ годините драстично го промени стилот на облекување, а често ја гледаме во едноставни, но елегантни фустани кои прилегаат на секоја жена.

Скромен, минималистички и софистициран… така најлесно може да се опише нејзиниот стил на облекување. Џоли не е некој што е роб на трендовите, туку најчесто избира безвременски парчиња, а неодамна имавме можност да ја видиме во капут што секоја жена треба да го има во својот плакар.

Како голем љубител на црната боја, Анџелина носеше долг фустан со широк крој кој одлично ги крие сите несовршености. Добрата работа кај ваквите фустани е тоа што можете да ги носите во секое време од денот. Анџелина го спои со елегантна црна јакна, која ја стави преку рамениците.

Она по што веќе стана препознатлива е што своите едноставни комбинации ги комплетира со дизајнерски чевли и чанта. Нејзин избор овојпат се класичните лакирани салонки во беж боја, а целиот стајлинг го заокружи со црна чанта и големи очила за сонце.