Хамилтон: Не се сеќавам кога последен пат освоив пол

 Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз во вчерашните квалификациите за Големата награда на Унгарија и не ја криеше радоста по сесијата. Британецот ја освои на првата пол-позиција, по пауза од две години кога победи во квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија.

– Се чувствувам како ова да е мојата прва пол-позиција. Знам дека ги имаше многу, и чудно е да се кажуваат такви работи. Не се сеќавам кога последен пат земав пол. Ова не го очекувавме пред викендот. Немавме ажурирања, само мали промени на задните и предните браници. За малку ќе отпаднав по првиот сегмент, а потоа работите почнаа да се подобруваат. Кога работам со овој болид, важно ми е да стекнам самодоверба за да можам навистина да напаѓам. Знам како да поставам најбрзи кругови, но има патеки каде што тоа се случува поприродно – кривина по кривина, сектор по сектор, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.

Од првиот ред, веднаш до Хамилтон ќе тргне актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен од Ред Бул.

Трката за Големата награда на Унгарија ќе почне денес во 15 часот.