Хантер Бајден: Нема апсолутно никакви докази дека татко ми e вмешан во мојот бизнис

Републиканците во Конгресот синоќа гласаа да се авторизира процедура за импичмент на претседателот Џо Бајден, кој самиот овој чин го нарече „политичкa махинација“. 

Гласањето беше остро поделено по партиска линија со 212 демократи „против“ и 221 републиканци „за“. Целата ситуација околу импичментот е поврзана со наводно учество на претседателот Бајден во бизнис зделки на синот на претседателот, Хантер Бајден, и неговото минато однесување. 

Пред сослушувањето синоќа, во за него ретко појавување пред новинарите, тој излезе со емоционална изјава во која целата ситуација ја нарече „апсурдна“, републиканците Џемјс Комер, Џим Џордан и Џејсон Смит од надзорниот комитет на Претставничкиот дом ги окарактеризра како „манипулатори“ и „лажговци“  кои водат незаконска истрага со користење искривени факти и манипулирани докази. 

-Сакам да кажам колку ште е можно појасно, татко ми не е финансиски поврзан со мојот бизнис, ниту како адвокат од пракса, ниту како член на (компанијата)  Буризма, ниту како партнер во моите бизнис врски со кинески претприемачи, ниту пак во моите инвестиции во САД или во странство, изјави Бајден. 

-Во текот на мојата борба со зависноста имав голема подршка од моите родители… И во длабочините на мојата зависност бев невнимателен со финансиите, но да се сугерира дека тоа е основа за импичмент е повеќе од апсурдно, тоа е бесрамно, рече синот на претседателот Бајден.  

Додаде дека „нема докази во полза на обвинувањата дека татко ми е финансиски вмешан во мојот бизнис, бидејќи тоа не се случило“. 

Хантер Бајден посочи дека „ја сум овде, не се кријам“, и побара сослушувањето да биде јавно, наспроти претседавачот Коми кој свика сведочење затворено за јавноста.