Хан со порака што треба да направиме за да бидеме дел од ЕУ

Поранешниот еврокомесар за проширување, а сега еврокомесар за буџет, Јоханес Хан, порача дека земјата е на добар пат, но неопходни се реформи. Но, тоа не значи да се брза, туку сите политички партии, заедно да донесат одлуки. 

„Владеењето на правото е предуслов, затоа е многу важно за нас да се спроведат реформи. Правосудниот систем не е совршен, треба да се подобри. Но, сето ова да се направи со широки дискусии, нема причина да се брза во носењето такви одлуки. Важно е сите да се вклучат во општеството. Мислам дека на крај значајно е сите да бидат согласни за тоа да се има политичка одговорност“, изјави Хан.

Вели дека новата политика во Унијата е сите земји од Западен Балкан да се обединат,  но додаде дека проширувањето се базира на заслуги. Им порача на политичиратите да соработуваат, и заедно да носат одлуки, а Македонија да го зграпчи моментот и да стане 28-та земја членка. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека е за Европа во повеќе брзини, односно сака реформи во ЕУ.