ХОРОР ВО ПАРИЗ: Разбојници упаднале во куќата на Донарума, го врзале и ги претепале него и неговата сопруга, им украле половина милион евра

Многу тешка ноќ за голманот.
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга доживеале вистинска драма за време на грабежот на нивниот стан во Париз.

Според француските и италијанските медиуми, непознати провалници од станот насилно одзеле пари и вредни предмети во вредност од 500.000 евра.

При грабежот, со закана со пиштол, разбојниците ја соблекле и ја врзале брачната двојка Донарума.

Голманот и неговата сопруга повикале полиција од блискиот хотел каде отишле откако разбојниците го напуштиле станот.

По пристигнувањето на органите на прогонот во хотелот, тие биле префрлени на прегледи во болница, каде им била укажана помош. Италијанецот се здобил со полесни повреди, додека неговата сопруга се спасила неповредена.

Сторителите на овој грабеж се уште се во бегство. За делото за кое одговараат им се заканува казна затвор до 30 години.