Храбра девојка се одбрани од маж кој ја нападна во теретана: „Знаев дека сум посилна“ (ВИДЕО)

Девојката Нашали Алма вежбала во теретана во комплексот станбени згради каде што живее на Флорида. Во еден момент влегол маж и набргу почнал да ја напаѓа. На почетокот Алма сакала да се оддалечи, но мажот се нафрлил врз неа.

Таа се обидела да повика помош на својот мобилен телефон, но напаѓачот не и’ дозволил да го стори тоа.

– “Јас сум бодибилдер и сум силна. За мене тој е рамноправен. Знаев дека сум посилна од него и дека можам да се бранам”, опишала 24-годишната Алма.

Во еден момент таа се одбранила удирајќи го со мобилниот телефон, а сето тоа во обид да се спаси.

Таа нагласи дека никогаш не треба да се откажувате!

– „Моите родители ме научија дека не треба да се откажуваш од ништо и тоа секогаш ми беше на ум“, изјави Алма за Би-Би-Си.

-,,Колку повеќе давате отпор и се браните, толку повеќе ќе се изморува напаѓачот. Тоа се виде и на видеото, напаѓачот се измори. На крајот само сакаше да престане и тоа и го направи”, заклучила храбрата девојка.

Напаѓачот е уапсен 24 часа по нападот.