Целосен молк: Што му беше понудено на Мбапе, останува ли во ПСЖ?

Фудбалерот Килијан Мбапе сè уште не го продолжил договорот со ПСЖ, кој истекува на крајот од сезоната, но има значително подобрување во односите меѓу парискиот клуб и француската суперѕвезда. Според информациите на L’Equipe, ПСЖ и Мбапе постигнале договор во текот на август играчот да не бара исплата на специјален бонус за лојалност, кој изнесува 100 милиони евра.

Се одржа состанок

Таа средба, која се одржа на „Паркот на принцовите“ на денот на натпреварот против Лориен во првото коло од францускиот шампионат, а само еден ден пред Мбапе да биде вратен во тимот и да му ја прости најавената казна поради избегнување продолжување на договорот, беше почетната точка на помирувањето помеѓу ПСЖ и неговиот главен играч.

Мбапе реши да молчи за да не ги подгрее гласините за можно заминување и да дава навестувања за хипотетичко продолжување на договорот. Својот последен јавен настап на оваа тема го имаше на 15 јуни во Фаро, Португалија, пред натпреварот меѓу Гибралтар и Франција. Оттогаш владее тотален молк, Мбапе избегнува секакви јавни настапи.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи првично го привлече Мбапе со подобрување на неговиот договор, а во исто време му се закани дека ќе го остави на клупа доколку не го продолжи договорот до предвидениот рок или ако побара да си замине пред истекот на договорот.

Едно од ветувањата

Неговата стратегија не функционираше, Мбапе не ни трепна. Но, по тој разговор во август, нивната врска повторно се врати на вистинскиот пат. Важна улога во натамошното затоплување на односите би можеле да имаат резултатите во Лигата на шампионите. Едно од ветувањата што претседателот на ПСЖ му ги даде на Мбапе, во мај 2022 година, беше да му обезбеди силен тим кој ќе се натпреварува за освојување на Лигата на шампионите секоја сезона.