ЦРВЕН МЕТЕО АЛАРМ ВО ГРЦИЈА: Хара нов топлотен бран, пожари на островите, важно за сите кои патуваат во оваа држава (ФОТО, ВИДЕО)

Во Грција денеска започнува уште еден топлотен бран со предвидена температура од 44 степени, додека пожари се уште горат на делови од туристичките острови Родос и Крф, соопштија локалните власти.

Метеоролошката служба соопшти дека во Атина денеска ќе биде 41 степен, а во централниот дел на земјата 44 Целзиусови степени.

Оние многу високи температури кои доаѓаат по викендот со екстремни горештини ќе продолжат и утре пред очекуваниот пад за околу пет степени од четврток.

Грција се соочува со еден од најдолгите топлотни бранови во последниве години, според метеоролозите.

Пожарникарите денеска продолжија со гаснење на пожарите на островите Родос во Егејското Море на југоисток, Крф во Јонското Море на северозапад и Евија, голем остров источно од Атина.

Тие шумски пожари, поттикнати од силните ветрови, веќе уништија неколку илјади хектари шума и вегетација. Нема пријавени жртви.

Во многу региони во земјава и денеска има „црвен метео аларм“, кој е аларм за опасност од шумски пожари, додека на Егејското Море дува ветрови со брзина до 40 километри на час.