Барселона на последниот ден од јуни се прости од четворица фудбалери кои од утре веќе не се на платниот список на клубот. На Маркос Алонсо му истече договорот, Серхио Дест беше префрлен во ПСВ Ајндховен бесплатно, додека на Жоао Кансело и Жоао Феликс им истече позајмицата.
Каталонците се уште имаат финансиски проблеми и за да ангажираат засилувања мора да го ослободат буџетот за плати. Алонсо не играше, па слободно може да избере нов центар. Новиот тренер Ханси Флик сака да ги задржи португалските репрезентативци Жоао Кансело и Жоао Феликс, но Каталонците досега не успеаја да се договорат за трансфери од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
Португалците од утре и официјално мора да се вратат во клубовите со кои се под договор, но медиумите во Шпанија истакнуваат дека претседателот на Каталонците Жоан Лапорта ќе направи се за да ги врати трајно на „Камп Ноу“ за три недели.