ЧУДО ВО ТУРЦИЈА- Тригодишно момче спасено од урнатините во Малатја по 22 часа од земјотресот

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како спасувачките екипи и доброволците извлекуваат момче од урнатините во Малатија, град кој беше блиску до епицентарот на земјотресот во Турција.

Градот Малатија е еден од најпогодените градови во серијата земјотреси што вчера ја погодија Турција. Илјадници турски граѓани се уште се затрупани под урнатините на зградите уништени од разорните земјотреси.

Момчето кое било спасено, според извештаите на турските безбедносни служби, било спасено по 22 часа од земјотресот.

Според последните податоци, поради последиците од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија загинале 4.300 лица, но прогнозите се дека бројот на жртви ќе надмине 20.000.