Шеќерот како освежувач на бојата на облеката

Шеќерот, освен како додаток во исхранта, може да се користи како делотворен освежувач на бојата на облеката, според познавачите.

За разлика од белите, другите алишта избледуваат колку што повеќе се перат. Честото перење на облеката може да предизвика бледнеење на црвена кошула, на пр., но тоа не е причина да се престане со носење на омилената кошула и од почесто перење. Следи трик за освежување на бојата на облеката.

Постапката е едноставна – треба само да ги натопите алиштата во зашеќерена вода и да ги оставите така неколку часа, објави порталот „Кликс“.

Потоа, облеката се мие на вообичаен начин. Ова ќе спречи бледнеење на алиштата и ја враќа нивната свежина.

Исто така, ако имате многу обврски, може и директно да се додаде шеќер во машината за перење. Се ставаат три лажици шеќер во преградата за детергент или се посипува директно врз алиштата за перење. Облеката ќе биде „како нова“, велат познавачите.