Шакира повторно во центарот на вниманието! Откако го ,,реши” Пике, сега се пресметува со нејзиниот свекор (видео)

Колумбиската ѕвезда Шакира ја објави новата песна наречена „El Jefe“ (шеф), а иако зборува за работничката класа и нивната експлоатација, стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор привлече најголемо внимание.

Шакира ја снимила песната заедно со мексиканскиот состав „Fuerza Regida“, а во период од 6 часа од премиерата собра речиси 3 милиони прегледи.

„Сонуваш да ја напуштиш населбата, имаш сè што е потребно да станеш милионер, скап вкус, менталитет, само ти недостасува плата“, пее Колумбијката.

Додека многумина сметаат дека со самото име на песната му се потсмева на прекарот кој ѝ го дале пријателите на поранешниот партнер Жерар Пике, таа во текстот посебно се осврнува на поранешниот свекор.

„Велат дека нема зло кое трае повеќе од 100 години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал во гроб“, порачува Шакира во песната.

Во овој дел од видеото танчарите се обидуваат да ѝ ја прекријат устата на Шакира, како да не сакаат таа да го каже тоа.

Земајќи предвид дека таткото на Жерар Пике, Жоан, е бизнисмен и управува со компаниите на неговиот син, некои го поврзуваат контекстот на песната со тоа и поставуваат прашање дали е можно поранешниот свекор на Шакира да ги експлоатира своите работници, како што наведуваат и стиховите.