Шокантен стајлинг на Бјанка Ценсори: Целата во селотејп, таа се ,,залепи” до нејзиниот сопруг, а Канје не можеше да го тргне погледот од нејзиното бујно деколте (фото)

Раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори не престануваат да го интригираат и шокираат светот со своите изданија.

Канје Вест, Бјанка Ценсори

Тие двајца се моментално еден од најконтроверзните парови, а причина за тоа е нивното однесување, но и стилот на облекување на Бјанка. Нејзиниот стилист не е никој друг туку Канје, кој и’ дозволи на сопругата да ги покаже своите атрибути.

Тие неодамна се појавија на роденденската забава на раперот Таџ Дола Сиган, а Бјанка изненади многумина со својот стајлинг.

Не, таа повторно не беше гола!

Бјанка дојде во бел фустан, кој одлично и’ стоеше. Таа имаше голем исечок на градите, а нејзиното деколте дојде до израз.

Нејзините чевли, кои изгледаат како да се врзани со селотејп, на многумина им го привлекоа вниманието.

Сепак, ова издание многу му се допадна на нејзиниот сопруг, кој не можеше да го тргне погледот од неа. Поточно од нејзиното деколте кое е бујно.

Бјанка Ценсори, Канје Вест

Малку е необично да се види Бјанка во оваа комбинација, бидејќи таа веќе е позната по проѕирните топови и панталоните налик на панталони.

Останува прашањето дали во наредниот период ќе почне да се облекува во ново светло, кое нема да открие толку многу атрибути?