Шок во Ѕвездите на Гранд: Натпреварувачката го напушти студиото, Саша Поповиќ бесен! „Никогаш повеќе нема да може да се натпреварува“ (фото)

Во саботата во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се случи крајно неочекувана ситуација која го разбесни Саша Поповиќ.

Имено, Саша Поповиќ објави дека Абида Милкуниќ доброволно го напуштила натпреварот без никакво објаснување.

Како што изјави Поповиќ, тоа досега не се случило на натпреварување, а со овој потег ги загубила сите права да продолжи да се натпреварува.

– Заврши уште еден бараж и да видиме кој ќе продолжи понатаму по баражот. Имаме само еден случај, кој досега не се случил во „Ѕвездите на Гранд“. Еден натпреварувач го напушти натпреварот, си замина, го напушти натпреварот. Таа не објасни како и зошто. Тоа е Абида Милкуниќ. Така, таа никогаш повеќе нема да може да се натпреварува – рече Поповиќ.