Шок на Оскарите! Маж излезе целосно гол на сцена

Актерот Џон Сина на сцената излезе целосно гол, покривајќи ги интимните делови со обичен картон.

Оскарите не можат да поминат без некои шокови и скандали, а така беше и овој пат. Актерот Џон Сина го изненади Џими Кимел, но и сите присутни бидејќи се појави на сцената.

Ова всушност требаше да биде една од почитта за претходната награда, кога на сцената истрча навистина гол маж и се мачеше да ги прочита номинираните за најдобра сценографија.

Џон сакаше да го стори истото, но Џими не му дозволи, па само полека отиде до микрофонот, држејќи го списокот пред интимните делови . 

Сите присутни во салата имаа широка насмевка на лицето, очекувајќи којзнае што, но Џон сепак задржа дел од интимноста за себе.