Иако српскиот напаѓач е најдобар стрелец на тимот оваа сезона со 12 гола на 23 натпревари, неговата судбина во Торино е под знак прашалник.
Причините за ваквата одлука се заладените односи со навивачите, неизвесните преговори за продолжување на договорот и огромната годишна плата на Влаховиќ од 12 милиони евра нето, што ги оптоварува финансиите на клубот.
Шпекулациите за трансферот дополнително ги подгреа информацијата дека Јувентус би можел да направи размена со Пари Сен Жермен, во која Коло Муани би ја засилил „Старата дама“, додека Влаховиќ би се преселил во Париз.
Алтернативно, Јуве размислува и да го ангажира Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед.
Покрај ПСЖ, британските медиуми пренесуваат дека интерес за Влаховиќ пројавил и Арсенал, што отвора можност за трансфер во Премиер лигата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус планира да се прости од Душан Влаховиќ за време на јануарскиот преоден рок.