Што е „болест на климатизацијата“? Симптомите можат да ве измамат, а една работа може да ви го спаси здравјето

Доколку филтрите не се исчистат правилно, според упатствата на производителот, тие стануваат почва за микроорганизми.

Колку пати сте слушнале дека долгото престојување во климатизирани простории може да ве разболи?

Додека некои ја отфрлаат оваа можност, други се убедени дека таа е апсолутно точна.

Сепак, едно е сигурно: секој што живее во градови тешко ќе ги преживее летните горештини без да вклучи клима. Ако сте забележале дека во текот на летото почесто кивате или ви „тече“ носот, виновник може да биде популарната клима уред на која сте изложени со часови на работа или дома, пишува NYpost .

И дали е тоа вистинска болест?

Според една студија од 2004 година објавена во Journal of Epidemiology , доколку клима уредот не се одржува според прописите или се наоѓа во простор кој ретко се проветрува, тоа навистина може да предизвика здравствени проблеми.

Работењето или живеењето во слабо проветрена, климатизирана зграда може да го зголеми ризикот од таканаречениот синдром на болна зграда, термин кој се користи за опишување на колективните симптоми кои ги доживуваат станарите во зградата, според ЕПА .

Симптомите може да вклучуваат главоболка, сува кашлица, вртоглавица, гадење, замор, проблеми со концентрацијата и чувствителност на мириси.

Science ABC  наведува дека кога клима уредите не се одржуваат правилно, тие потенцијално можат да бидат „дом“ на бактерии и габи кои ќе циркулираат низ воздухот.постар, пензионер, корона, настинка, кивавица

Доколку филтрите не се исчистат правилно, според упатствата на производителот, тие стануваат почва за микроорганизми кои можат да предизвикаат астма, алергии и други респираторни проблеми.

– Нечистите филтри на клима уредите може да се контаминираат со габи, мувла и други микроорганизми – изјави за Verywellhealth   претставник на Одделот за јавно здравје во Калифорнија .

– Ова може да доведе до проблеми со дишењето, особено кај луѓето кои се чувствителни на мувла.

Минатата година д-р Нејтан Спенс   објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое објасни зошто се јавува оваа појава. Тој на своите следбеници им откри дека постои еден вид пневмонија што може да биде предизвикана од клима уредот.

Имено, валканите клима уреди во хотелските соби можат да иницираат легионерска болест, односно атипична инфекција на градниот кош која бара антибиотско лекување. Легионерската болест е предизвикана од бактеријата легионела, која може да се внесе во телото со вдишување на капки вода од клима уредите или топлите кади.