ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА !? Туристите се шетаат голи по плоштадот и се задоволуваат среде улица! Ова познато туристичко место се претвара во ‘пекол’, а мештаните немоќни…
Од последната туристичка сезона во хрватското крајбрежје по бурните ноќи на социјалните мрежи се објавуваа само видеа од арогантни сцени, поради што на многу места беа поставени огласни табли за почитување на јавниот ред и мир.
Сепак, летната сезона оваа година започна порано и многумина стравуваат што ќе се случи до крајот на летото. На пример, среде бел ден и пред толпа граѓани и гости на сред плоштад во Хвар, турист ги соблекол панталоните и извршил нужда на само неколку метри од влезот во Туристичката управа, т.е. зградата на историскиот театар.
Хрватските весници пишува дека деновиве на хварчани им се кажува приказна дека нивниот град е се помалку дестинација за забава, а се повеќе е (културна) туристичка дестинација, но во пракса мештаните велат дека тоа е многу поинаку. На Интернет кружи видео од двајца млади туристи кои сексуално уживаат на една од терасите во центарот на градот.
Ваквите сцени предизвикуваат различни реакции, од „ужас и бескрупулозност на гостите“ до „продавање на културата и правење се за неколку евра“. И по правило, штом малку се смири дискусијата, се појави нова сцена на разголена двојка која лежи на тревникот на градскиот парк во Хвар, пишуваат тамошните медиуми.
Сè се случува во близина на подниот мозаик „Отпечаток“, од Тонка Алујевиќ. „Центарот на Хвар. Градскиот парк. Најубавиот град на Медитеранот се гледа зад овој мал задник и неговата девојка. Се разбира, не им е грижа од каде дошле, тие се тркалаат по хотелските соби…, платиле за да можат да се исмеваат со се и сешто. И нема кој да им каже дека залутале и дека ова искуство на егзибиционизам ќе ги чини толку многу што на никој друг нема да му текне да направи нешто такво и да го посети местото“, вели Тонка Алујевиќ за хрватските медиуми.
Случајните минувачи велат дека пешкирите покажале дека се гости на еден од хотелите односно нивниот акцент кажува дека тие доаѓаат од Лондон. За ваквото однесување се пропишани казни, но градската управа наводно се плетка со комуналните редари.
„Општинската полиција не добила дојава поврзана со тој настан, а ваквото однесување на јавно место може инаку да се санкционира. Исто така, според мои сознанија, од граѓаните било побарано од сторителите да се облекуваат соодветно, што го направиле без прашање и без одлагање“, изјавил градоначалникот Рикардо Новак за „Слободна Далмација“ и додал дека градот прави се што е можно таквото однесување да се минимизира.
Сепак, недолго по таа изјава, граѓаните снимија млад турист кој останал да спие на улица по една ноќна забава, а од друга страна, полицијата имала полни раце работа со словачките туристи кои физички ги нападнале и изнајмувачите на бродови.