Шукова: Грчката компанија инвеститор во Чебрен, треба да обезбеди дозвола за води па потоа ќе се потпише концесијата
Министерката за животна средина Каја Шукова денеска појасни дека хидроцентралата Чебрен ќе биде дадена под концесија, како и дека инвеститорот грчка компанија ќе инвестира во системот и нема да има свежи пари за државата. Грчката компанија понудувач, како што нагласи Шукова, прво треба да обезбеди дозвола за води, согласно Законот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија.
Одговарајќи на новинарско прашање, Шукова рече дека министерот за животна средина го потпишува договорот за концесија. Појасни дека хидроцентралата Чебрен ќе биде еден од најголемите капацитети во државата за производство на електрична енергија.
-Она што сакам да го кажам бидејќи имаше разни информации во јавноста, значи станува збор за концесија, не станува збор за заем. Се злоупотреби информацијата која што за донесување на одлука за прифаќање на понуда. Значи ја прифатиме понудата на 14-от тендер којшто е распишан за Чебрен. Имаше две компании, едната ги исполнуваше сите услови, од 100 имаше 97 поени, тоа е грчката компанија. Втората не ги исполни сите услови и не отиде на натамошна евалуација. Што значи Чебрен? Значи дека грчката компанија инвеститорот ќе инвестира во системот. Нема да инвестира во свежи пари за државата. Државата по изградба на хидросистемот Чебрен, ќе го даде како за своите проценти коишто ги има во уделот којшто ќе го има државата ќе биде преку хидроелектраната Тиквеш која што е постојна во државата и којшто ќе се поврзе на хидроелектраната Чебрен, појасни Шукова.
ХЕЦ Тиквеш, додаде таа, го даваме да се поврзе на системот на ХЕЦ Чебрен, и да оперира како еден систем.
-А грчката компанија понудувачот, треба прво да обезбеди дозвола за води, согласно Зконот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија. И самата ќе инвестира средства во влогови од сто проценти, 67 проценти отпаѓаат на инвеститорот, 33 проценти ќе бидат на државата. И утре кога ќе се исплаќа дивиденда, да речеме, државата ќе земе 33 отсто од дивидентата, 67 се на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата, се она што ќе биде изградено останува на државата, рече Шукова која беше на настан за сина економија.
Министерката рече дека е многу добро што преку овој систем ќе се врземе со енергетскиот систем преку Грција, а таа понатаму со сите фактори на електрична енергија што можат да го опслужуваат регионот.
-Она што е битно за нас е дека кога ќе се случува концецискиот договор ќе ни биде битно предимство за користење на електрична енергија да има државата, значи потребите на државата, секако по пазарна цена, не знаеме како ќе се одвива нели, а потоа да може да се дава на други потрошувачи по пазарна цена, рече Шукова.