Ѓоковиќ бил намерно малтретиран!? Меѓународната агенција за интегритет во тенис се огласи и ја откри вистината

Голема врева се крена по четвртфиналниот меч од Дејвис купот меѓу Србија и Велика Британија.

Во Малага се случи преседан кога од Новак Ѓоковиќ беше побарано да ја преземе контролата пред натпреварот против Камерон Нори. Британските медиуми веднаш го нападнаа српскиот тенисер обвинувајќи го дека одбил да се потчини на контролата, а некои побараа и Ѓоковиќ поради тоа да биде суспендиран.

Така поранешниот француски велосипедист Марк Мадио побара казна за најдобриот тенисер на светот.

Неговата сонародничка Марион Бартоли сепак излезе во одбрана на Новак и објасни дека британските медиуми пишуваат за тема за која немаат поим.

Меѓународната агенција за интегритет во тенис стави крај на овој случај. Портпаролот на оваа организација ја објасни процедурата во која јасно стои дека Ѓоковиќ не прекршил никакви правила.

– Благодарение на форматот на тимско натпреварување, вклучително и Дејвис купот, тимовите можат да бидат информирани дека се избрани за тестирање пред почетокот на натпреварите и можат да дадат примероци кога ќе бидат подготвени. Од моментот на известување и доставување примерок, тие се надгледувани од член на антидопинг тимот. Ништо не менува без разлика дали се прави пред или по натпреварот, особено што после натпреварите е поважна концентрацијата на урината – рече тој .

Ѓоковиќ не го одбил тестот како што тврдат британските медиуми. Играчите имаат избор да го направат тестот пред или по натпреварот, а Новак тоа го направи по натпреварот.

Така беше ставен крај на овој случај.