ЅВЕР ОД ДЛАБОКОТО МОРЕ НАПАДНАЛ ЧОВЕК! Мажот се здобил со тешки повреди

Непознат маж е тешко повреден откако бил нападнат од ајкула во близина на национален парк во Јужна Австралија.

Ајкула

Нападот се случил во близина на плажата Етел во националниот парк Инес, полуостровот Јорк, а во четвртокот бил пријавен во полиција.

Итната помош излегла на местото на настанот.

Потсетуваме, ова не е прв напад на ајкула во Австралија. Имено, маж се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат од ајкула на оддалечена плажа на 130 километри северно од Бундаберг во центарот на Квинсленд, Австралија.

Екипите за итни случаи биле повикани на плажата 1770, која се наоѓа на половина пат помеѓу Рокхемптон и заливот Херви, по извештаите дека еден пливач е сериозно повреден.

20-годишен маж се здобил со сериозни повреди на ногата при напад на ајкула и итно бил пренесен во болница.