„ЈАС СУМ ВНУК НА ТИТО И КРСТЕН СУМ ВО ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА“ Јошка Броз: Во телефонот имам СОЧУВАНА порака од мојот дедо за верска определба

Пред четири години го оствари сонот да оди во Хиландар и да присуствува на светата литургија.

Пред некој ден пак беше на Хиландар. Често вели дека е најголемиот жив комунист.

Јошка Броз , внук на Јосип Броз Тито, дознал дали и колку се блиски комунизмот и христијанството .

Јосип Броз Тито

Прво, образложил дека комунизмот не е против црквата:

– Зошто тие две се некомпатибилни? Никој не ја бранеше црквата , а тие неславни приказни ги кажуваа поединци кои сакаа да се покажат дека малтретирале луѓето што одат во црква. Бев присутен на прослава каде што влезе полицаец и ја дувна свеќата. Со оглед на тоа дека тогаш бев на должност, му се обратив на неговиот началник и прашав дали го испратил, откако тој рече дека нема поим за тоа, тој офицер веднаш ја заврши кариерата – започна Броз.

После тоа рече дека државата не ја бранела црквата:

– Државата го бранеше мешањето на црквата во работата на државата , но луѓето имаа слободен избор. Во телефонот ги имам зборовите на дедо ми каде што убаво ми кажа „Јас сум атеист, но мајка ми беше верник и редовно одеше во црква“. Да напоменам и дека се крстев во руската црква во Белград, по смртта на Тито. Имав многу пријатели, кумства и тие ме замолија да им ги крстам децата, а тоа не можеш да го направиш ако не си член на црквата. Јас сум атеист, но се крстев, и тоа го направив поради кумството затоа што го ценам тоа.