ЈА СНИМИЛЕ ПАПАРАЦИТЕ- Една од најубавите жени од 90-тите ретко излегува од дома поради својот изглед, а новите фотографии ги запрепастија обожавателите
Фотографиите кои излегоа од актерката Лара Флин Бојл уште еднаш ги запрепасти фановите, кои ја следат нејзината кариера откако глумеше во серијата “Twin Peaks”
Американската актерка Лара Флин Бојл (52) не се појавува често во јавноста. Актерката долго време никој не успеваше да ја фотографира, ниту да ја види, таа се криеше од љубопитните погледи на обожавателите, најмногу поради тоа што го уништи нејзиното лице со козметички корекции. Бојл сè уште ретко излегува, уште поретко без големи очила за сонце. Сепак, папараците неодамна ја фатија како фрла ѓубре од нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Лара беше облечена во сиви спортски панталони и карирана кошула над која облечела црна јакна.
Фотографиите кои излегоа повторно ги запрепастија обожавателите , кои ја следат нејзината кариера откако глумеше во серијата “Twin Peaks”.
Инаку, актерката минатата година откри дека се враќа на работа и дека ќе глуми во филмот „Смрт во Тексас“. – Не се плашам од фактот дека изгледам лошо на филм. Изгледам уште полошо отколку во реалниот живот – рекла таа. Да потсетиме, улогата на Лара во серијата “Twin Peaks” и донесе популарност и слава. Имаше дваесет години кога ја доби улогата на Дона и сите веднаш ја забележаа синооката актерка која зрачеше со сексапил. Таа стана секс симбол во деведесеттите и имаше неколку значајни улоги во филмовите како “Мажи во црно” и “Среќа”, но ништо не остави трага како улогата на Дона.
Во медиумите се пишуваше повеќе за нејзиниот љубовен живот и естетски зафати кои ја уништија нејзината природна убавина. За време на снимањето на “Twin Peaks”, таа беше во врска со Кајл Меклахлан , а поради нивната љубовна врска дури и го променија сценариото.
На почетокот на 2000-тите, Џек Николсон исто така се заљуби во нејзиниот шарм и убавина, а по љубовниот прекин со Николсон, Лара стана зависна од естетски зафати кои целосно и го искривија лицето и ја направија непрепознатлива. Актерката не можеше да се справи со природниот процес на стареење и се обиде да го забави, но ефектот беше сосема спротивен и сега таа спаѓа во онаа група холивудски актерки кои се примерен пример за тоа како одењето под нож може да ја уништи природната убавина.
Естетските хирурзи велат дека актерката го оперирала носот и претерала со филери, кои сè уште ги користи и кои и го искривиле лицето.