„ЌЕ ОСТАНЕВМЕ ЗА МАЛКУ БЕЗ ОЧИ! Марија Шерифовиќ по скандалот во Зеница си замина дома, член на тимот во гипс! (ФОТО)

Пејачката Марија Шерифовиќ вчера настапи за новогодишната ноќ во Зеница.

За време на настапот, некои луѓе од публиката фрлаа петарди на сцената , а пејачката неколку пати ги опомена. Марија сега прозборе од авион, заминувала за Белград и во таа прилика го покажа и членот на тимот кој се здобил со скршеница и раката му е во гипс.

Марија Шерифовиќ

– Во 2024 година влеговме за малку без око , со запалена опрема од петарди, една отворена скршеница, но ништо нема да не скрши – напиша таа.

Да потсетиме, Марија по концертот се огласи на мрежите.

– Па, еве ме во 2024 година, мртва уморена. Сакам да се знае дека без разлика на некои чудни околности, по малку ненормални луѓе, вечерва убаво си поминав во Зеница. Ви благодариме што дојдовте, се гледаме некогаш, некаде – изјави Марија во оваа прилика.