„ЏЕНТЛЕМЕН“ ВОЗЕЛ АВТОМОБИЛ СО НЕВЕРОЈАТНИ 4,42 промили: По кратко возење заврши во ендек покрај патот (ВИДЕО)
Па ова е неверојатно
Вчера на патот Рашиња-Кузминец во Хрватска, 44-годишен возач управувал личен автомобил под дејство на алкохол од неверојатни 4,42 промили .
На видеото што го објави „Кликај.хр“ на својот канал на Јутјуб, се гледа дека тој целосно пијан вози во кривина и на крајот излегува од патот.
– Возачот се здобил со полесни повреди и е сместен во специјална полициска просторија до отрезнување и против него ќе биде поведена прекршочна постапка – известија од ПУ Копривница-Крижевачка, јавуваат “Dalmacija News”.