Џиџи Хадид сликана со Бредли Купер: Раскинала со неговиот пријател, а сега се шета со него! Беа на романтична вечера (ФОТО)

Џиџи Хадид (28) и Бредли Купер (48) уживале на вечера во Њујорк во четвртокот – неколку месеци откако ја заврши романсата со Леонардо ди Каприо (48), пишува Дејли Мејл.

Моделот носеше кратко здолниште, додека Купер се одлучи за малку полежерна комбинација. По вечерата во Виа Карото, тие шетаа по улицата со нејзиниот телохранител.

Подоцна со истиот автомобил заминале во непознат правец.

Бредли и Лео се пријатели со години, а првпат се запознале во дваесеттите години, кога Бредли работел во хотел во Њујорк и му помогнал на ѕвездата од „Титаник“ да стигне до својата соба.

Дури заедно беа на одмор во Мексико, а минатиот викенд беа заедно на музичкиот фестивал Коачела.