10 мудри мисли на Конфучиј кои ќе ви го променат животот:  „Каде и да одиш, оди со цело срце“

Во текот на животот, ние бараме среќа повторно и повторно, но патот е различен за секого. Кинескиот филозоф и мудрец Конфучиј остави свој белег преку инспиративни пораки, зборови и совети кои лесно можеме да ги користиме во модерниот живот.

Ова се неговите 10 мудри мисли.

1. „Никогаш не наметнувајте им го на другите она што не би го избрале за себе“.

Запомнете и секогаш следете го ова златно правило.

2. „Вистинското знаење е да се знае степенот на своето незнаење“.

Незнаењето е најголемата причина за страдање. Просветлувањето е нашето ослободување.

3. ,,Слушам и заборавам. Гледам и се сеќавам. Правам и разбирам”.

1000 повторувања даваат одговори на сите прашања.

4. „Сè е убаво, само што не го гледаат сите“.

Мора целосно да го отворите умот за да ја видите целата убавина на овој свет. Погледнете го светот со јасни очи.

5. „Супериодниот човек е свесен за праведноста, инфериорниот е свесен за предноста“.

Целта на супериорниот човек е вистината.

6. „Каде и да одиш, оди со цело срце“.

Многу е важно да бидете целосно посветени на она што го правите и каде одите.

7. „Нашиот најголем успех не е во тоа што никогаш не паѓаме, туку стануваме секогаш кога ќе паднеме“.

Сите паѓаме во одреден момент… вистинскиот неуспех доаѓа кога не успеваме да се станеме.

8. „Оној што учи, а не мисли е изгубен. Кој мисли, а не учи, е во голема опасност“.

Можеме многу да научиме и не само со читање книги. Не заборавајте да размислувате критички.

9. „Оној што сака да ја усоврши својата работа, мора прво да го изостри алатот“.

Запомнете, вашиот ум е една од вашите најважни алатки.

10. ,,Ако гледаш во твоето срце и не најдеш ништо лошо таму, тогаш зошто се грижиш? Зошто се плашиш?”

Ако вашите грижи зависат од вас, не грижете се, ќе ги решите. Ако тие не зависат од вас, тогаш грижата нема да промени ништо.