27- годишниот рапер Коста ненадејно почина на концерт, публиката продолжи да аплаудира (ВИДЕО)

Раперот Коста Тич почина откако колабираше на сцената среде концертот на Ултра музичкиот фестивал во Јоханесбург.

Раперот, чие вистинско име е Константинос Цобаноглу, паднал на сцената и изгубил свест, како што може да се види од видеото кое Дејли Мејл не сакаше да го објави во целост. Младиот музичар потоа бил префрлен во болница, а немилиот настан ја вознемирил пошироката јавност.

Во видеото можете да видите како Коста Тич се сопна на сцената и се засолни од толпата пред да ја заврши песната. Тој беше проследен со аплауз, а потоа човек од бината ѝ порача на публиката да крене раце.

Додека одекна аплаузот, тој едвај стоеше на нозе и само се струполи. Толпата продолжи да аплаудира, додека обезбедувањето и другите членови на тимот притрчаа на помош.

„Смртта трагично одекна, земајќи ги од нас нашите сакани син, брат и внук. Со длабока болка мораме да ја признаеме неговата смрт во овој момент. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што ни се случи и бараме да ни даде време и простор да се собереме“, изјави семејството на раперот, пишува Daily Mail.