3 работи кои секое дете ги наследува само од мајката: Таткови гените немаат никакво влијание врз овие работи

Секое бебе кое доаѓа на свет ги носи гените не само на родителите, туку и на бабите, дедовците, тетките, чичковците и далечните роднини. Сепак, бројни истражувања покажаа дека некои работи се наследуваат исклучиво од таткото, додека некои само од мајката.

Следниве 3 карактеристики, според заклучоците на многу научници, секое дете ги наследува главно од мајката:

1.МЕТАБОЛИЗАМ И ДОБИВАЊЕ ВИШОК КИЛОГРАМИ

Според научниците, метаболизмот и неговиот начин на работа го наследуваме од нашата мајка. Токму овој факт влијае на тоа дали ќе бидеме склони кон лесно дебелеење или не.

На пример, ако мајката има прекумерна тежина, многу е поголема веројатноста дека и детето ќе има проблеми со вишокот килограми.

2.НАЧИНОТ НА СТАРЕЕЊЕ

Мајчините гени во голема мера го одредуваат начинот на кој ќе старееме, истражуваа германските научници.

Митохондријалната ДНК има значајно влијание врз тоа како старееме, а ја наследуваме исклучиво од нашата мајка.

3. НИВОТО НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

А најмногу од сè, гените на мајката влијаат на нивото на интелигенција, според истражувањето на Универзитетот во Глазгов. Коефициентот на интелигенција на детето варира за само околу 15 поени во споредба со мајчиниот.

Покрај тоа, на нивото на интелигенција големо влијание има и учењето, стекнатото образование, како и социо-економскиот статус.