Палестинскиот новинар и фотограф Мотаз Азаиз е прогласен за човек на годината од страна на магазинот GQ Middle East.
Уредникот Ахмад Сваид изјави дека пред да ја донесат оваа одлука, се запрашале кој направил вистинска и значајна промена.
„Оваа година ги избришавме сите категории. Нашите избори се важни повеќе од кога било досега. Исто како и народот во Газа, Азаиза нè потсетува дека без разлика кои сме или од каде доаѓаме – ние, обичните луѓе, мажи и жени – имаме моќ да ја направиме промената што сакаме да ја видиме. Додека тој храбро продолжува да ја зборува вистината, ние се молиме за неговата безбедност и безбедноста на оние околу него“, рече тој.
„Да живее Мотаз Азаиза. Историјата ќе го памети неговото име“, „Мотаз претставува палестинска генерација полна со талент и непоколеблива форма на ентузијазам, можеби најмодерната верзија на сумуд (истрајност)“, „Она што Мотаз и другите палестински новинари го прават во моментов има многу поголема моќ – не мотивираат да преземеме акција“, се дел од коментари.
„Ти благодарам, GQ, за сите овие прекрасни зборови“, рече Мотаз.
Тој секојдневно на социјалните мрежи објавува низ што поминува народот на Палестина и со тоа придонесува за ширење на вистината.