The Rock објави видео како вежба облеан во под, луѓето во неверување: Ова не може да биде реално

Американскиот актер Двејн Џонсон, популарниот The Rock објави видео од напорен тренинг и изненади многумина поради еден детаљ.

Имено, на видеото 51-годишниот актер крева тегови додека од лицето му паѓа ненормална количина пот.

Во описот објаснил дека во теретана било „по ѓаволите жешко, како во сауна“, па се пофалил дека „успеал да издржи“ и направил „одличен тренинг“.

Сепак, обожавателите останаа збунети од неверојатната количина на пот на The Rock додека вежба, а еден забележа дека неговото вежбање не е толку интензивно.

„Друже, се потиш како цртан лик“, напиша еден, додека друг додаде: „Дали некој друг забележал дека крева само по 9 килограми на секоја страна? “

„И јас го можам ова“, „Не сум толку влажен дури и кога се туширам“, „Зошто се потиш толку многу?“, „Ова е малку! Душо, зошто се напрегаш?“, „Ова не може да биде реално” и „Таму сигурно беше жешко. Дури и бодибилдерите не се потат толку многу”, се дел од реакциите на видеото кое собра два милиони лајкови.

Инаку, актерот претходно изјави дека обично внесува околу 6.000 калории дневно за да ги поттикне интензивните тренинзи и да ја одржи мускулната маса.