„ЈАС И ТИ ЗАЕДНО, СЕКОГАШ И ЗАСЕКОГАШ“ Сестрата близначка на покојната Бојана Јанковиќ се прости од неа (ФОТО)

Бојана Јанковиќ , поранешната водителка на Пинк и емисијата „Град“, почина на 19 април 2024 година на 46-годишна возраст.

Многу пријатели, семејството и поранешните колеги со емотивни зборови се простуваат од својата сакана Бојана.

Денеска беа објавени и некролози, а зборовите на нејзината сестра близначка се срцепарателни.

– Ти и јас. Секогаш и засекогаш. Твојата Ика – пишувало.

Да потсетиме, Бојана Јанковиќ почина на 46-годишна возраст. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во нејзиниот стан. Причината за смртта не е официјално потврдена, но според неофицијални информации итната помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот, а на телото немало видливи траги на насилство. За нејзината смрт било известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наредило обдукција, а телото на познатата водителка потоа било пренесено во Институтот за судска медицина во Белград.

Семејство, пријателите и колегите ќе ја испратат на вечното почивалиште во петок, 26.04.2024 година во 14:30 часот на Новите гробишта во Белград.