Дали може пониско од ова!? Сцената на смртта на принцезата Дијана која го расплака светот беше искористена во застрашувачка кампања

Француска младинска група се најде на удар на критики поради користење на слика од сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дијана во онлајн кампања, пренесува The Sun.

Приврзаниците на евтаназијата од организацијата АДМД на социјалните мрежи споделија фотографија која го потсети целиот свет на ужасната сцена во парискиот тунел во август 1997 година.

Името „Дијана“ е над сликата на уништениот автомобил, со придружните зборови: „Таа не ја избра својата смрт… во 2024 година треба да имаме избор“.

Овој постер предизвика изливи на гнев среде дебатата во Франција за потпомогнатото умирање или евтаназија.

Поранешниот кралски портпарол Дики Арбитер рече: „Ова е апсолутно непристојно и навредливо. Ова е груба политизација на трагедијата“.

„Секој што ја познаваше Дијана, принцезата од Велс, ќе биде длабоко вознемирен.”

Постерот беше објавен на платформата Х во четвртокот, но набрзо беше симнат.