НОВАК ПО ДВЕ ГОДИНИ ВЛЕЗЕ ВО АМЕРИКА: Еве што го чекаше таму (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ пристигна во Синсинати. По тренингот и подготовките, српскиот ас замина во Америка и таму веќе го одработи првиот тренинг пред публика.

На престижниот турнир од серијата Мастерс 1000, Ѓоковиќ нема играно од 2020 година, а воедно ова е негов прв влез во САД по две години.

Погледнете како тоа изгледаше:

Што се однесува до ждрепката, Новак е во првото коло, па во второто го чека победникот од мечот Фокин/Ечевери.

Според предвидената ждрепка, во третото коло би можел да оди кај Нори или Де Минор, а во четврт-финалето кај Синер или Фриц, додека во полуфиналето го чекале Медведев или Руне. Во вториот дел од „костурот“ главен фаворит е Алкараз