ТРАГЕДИЈА НА СЕМЕЕН ОДМОР: Едногодишно девојче се удавило додека нејзините родители подготвувале вечера на бродот

Кога виделе дека нивната ќерка паднала во вода, брзо отишле на брегот да побараат помош, но никој не можел да и помогне.

Девојче од Нов Зеланд се удавило додека нејзините родители подготвувале вечера на катамаран за време на семеен одмор на Фиџи.

„Додека ја најдовме, веќе беше доцна“, напишал семеен пријател на страницата за собирање средства за покривање на трошоците за авионскиот пат од Фиџи до Нов Зеланд, како и за погребот на девојчето (1).

Тој додаде дека Махина била прекрасно, весело и насмеано дете кое ги сакало водата и животот на бродот.

Махина си играла на палубата на бродот додека нејзините родители Марк и Кири подготвувале вечера во кујната.

Тие верувале дека Махина била безбедно врзана со ремен на палубата на бродот и во тоа време гледала филм.

Кога се вратиле на палубата, не ја нашле таму и очајно ја барале додека не ја виделе како лебди во морето, објави The New Zealand Herald.

Семејството Токи со брод од нивниот дом на островот Голема бариера во Нов Зеланд се упати кон Фиџи. Таму пристигнаа во средата.

Кога виделе дека нивната ќерка паднала во водата, набрзина излегле на брегот да побараат помош, но никој не можел да и помогне.

Полицијата во Фиџи соопшти дека Махина можеби се ослободила од појасот и завршила во водата. Случајот е под истрага.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и понуди помош на семејството.