Љупчо Палевски “анте портас” Шутка, се чека уште потписот на Реџеп Таип Ердоган за Палчо да биде вратен во Македонија!? (Видео)

Деновиве имаше многу иронични коментари по социјалните мрежи дали Љупчо Палевски Палчо ќе биде вратен во Македонија бидејќи нема пасош издаден од Северна Македонија, но работите стојат поинаку. Само прашање на време и на само еден потпис кога тој ќе биде екстрадиран во Македонија.

Во изминатиот период немаше многу информации што се случува со Палчо и до каде е работата со неговото враќање во Македонија. Имаше шпекулации дека ќе биде вратен последниот ден од мандатот на екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но тој на крајот од мандатот мораше да се задоволи со две “домашни акции”, операцијата Грчец и операцијата Онкологија која јавниот обвинител Гаврил Бубевски (не)намерно ја пролонгираше за таа да се совпадне со првиот министерски ден на новиот мнинстер Панче Тошковски, иако целата акција беше завршане од тимот на Спасовски.

Потоа имаше шпекулација дека актуалниот претседател Стево Пендаровски ќе замине во Турција за да ја финишира целата операција со Палчо но сега кога виси неговата претседателска номинација и таа опција е некако во магла.

Минатата недела министерот за правда Кренар Лога беше во работна посета на Турција и со неговиот турски колега Јилмаз Тунч разговарале за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

Според информациите кои стигнуваат од Турција сега се чека само потписот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за да почне процесот на ексдрадиција на Палевски.

Палчо во моментот се наоѓа во затворена казнено-поправна установа во Баликесир, Турција, а таму може да биде задржан најмногу до една година, но работите ќе одат многу побрзо. Иако дел од разузнавачкото миље блиско на поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, кои имаат силни врски во Турција, лобираа да биде пролонгирана екстрадиција до евентуалната промена на власта, до тоа најверојатно нема да дојде и дека е само прашање на денови или на недели кога Палчо ќе се врати во Македонија и тоа може да биде топ тема во изборната кампања.

Доколку биде екстрадиран, Палевски во земјава ќе биде пречекан со судско решение за 30-дневен притвор и ќе биде пренесен во истражниот затвор во Шутка. Таму веќе се наоѓаат тројцата осомничени соизвршители во грабнувањата и свирепите убиства.

Доза на неизвесност предизвика поранешниот прв човек на МИТ, кој повеќе од десет години беше на чело на турските тајни служби, а од минатата година е туски министер за надворешни работи, Хакан Фидан ( се почесто се споменува како можен наследник на Ердоган ) кој за време на својата балканска турнеја кога ги посети Албанија и Бугарија, ја избегна Македонија. Тоа беше толкувано како турски став да не се додава масло на случајот Палчо пред тој да биде решен, но и како желба да се обезбеди дистанца од политичките ферментирања во албанскиот политички блок каде што улогата на Анкара во формирањето и функционирање на одредени албански партии беше силно потенцирана во изминатите години.

Имаше и обид со помош на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного да биде извршен притисок за ставање во домашен притвор на таткото на малата Вања Ѓорчевска, но и таа акција не вроди со плод и притворот на таткото беше продолжен за нови 30 дена. Така што сега се чека само враќањето на Палчо во Македонија за клопкото да почне да се отплеткува.