Аеродромот во Тирана втор на Балканот по број на патници во 2023 година

– Меѓународниот аеродром во Тирана минатата година регистрирал историски број на патници, што го рангира на второ место по бројот на патници на Балканот.

Во текот на 2023 година, регистрирани се околу 7,3 милиони патници, што е двапати повеќе споредено со 2019 година и за 35 отсто повеќе со претходната година.

– На прво место според бројот на патници е аеродромот во Белград со 7,9 милиони патници, а потоа следува аеродромот во Загреб со 3,7 милиони, четврти е аеродромот во Сплит со 3,5 милиони и петти е аеродромот во Приштина со 3,4 милиони патници, јавија албанските медиуми, повикувајќи се на авијациската веб-страница „Exuaviation“.

Историски рекорд Албанија минатата година забележа и во однос на бројот на туристи. Во оваа земја престојувале 10,1 милион туристи.