„Ако Германија го уапси Путин, тоа е исто како да ни објавила војна“ Медведев се заканува: Во тој случај сите руски средства ќе летаат во Бундестагот

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека обидот на која било земја да ја спроведе одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсењето на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе биде еднаков на објавување војна.

Во интервју за руски медиуми, Медведев рече дека МКС, кој Москва не го признава, е правно неважечки суд и меѓународно правно немоќен и дека не направил ништо значајно од неговото создавање.

Според Медведев, одлуките на судот, како што е последната за апсењето на Путин, создаваат огромен негативен потенцијал.

Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека секој обид на која било земја да го уапси претседателот Владимир Путин според налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се смета за објава на војна.

„Некои идиоти, полумудри, како германскиот министер за правда (Марк Бушман), велат: „Ако дојде Путин, ќе го уапсиме“. Тој е адвокат, дали разбира што значи тоа?”

Јасно е дека оваа ситуација никогаш нема да се оствари, но еве да претпоставиме дека тоа се случи. Актуелниот лидер на нуклеарна држава пристигна на територијата на Германија и ќе биде уапсен. Што значи тоа? Објавување војна против Русија“, рече Медведев, додавајќи дека во тој случај сите руски средства ќе одлетаат во Бундестагот и во канцеларијата на федералниот канцелар.

Медведев оцени и дека Западот се обидува да ја дестабилизира политичката ситуација во Русија и да ја распарчи земјата.

„Желбата на Западот е многу едноставна – да ја дестабилизира политичката ситуација, да ја подели земјата на неколку делови кои би биле доволно големи, да склучи договори со секој од овие делови, да денуклеаризира и демилитаризира сè, а потоа да ги понуди своите безбедносни служби, агенцијата ТАСС го цитира Медведев.

Тој оцени дека таквите делови имаат дури и шанса да влезат во НАТО, особено ако ги обезбедуваат руските национални ресурси.

„Дали им треба земја со огромна територија и најсилен нуклеарен штит, која исто така не им се покорува на Американците? Тоа воопшто не им треба“, рече Медведев одговарајќи на прашања на руските медиуми, вклучително и ТАСС, и корисниците на социјалната мрежа VKontakte.

Минатата недела МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател, обвинувајќи го дека е одговорен за воени злосторства во Украина.