Ако некогаш сакате да го вратите поранешното момче: Ова е женско правило број 1 и од него не треба да отстапувате ниту милиметар! (фото)

За да вратат поранешните момчиња, повеќето жени ги прават токму истите работи – плачат, се извинуваат, ветуваат дека ќе се променат, а понекогаш и скокаат во креветот на поранешното момче надевајќи се дека тој ќе им даде уште една шанса, пишува Cosmopolitan.

Кога ќе размислиме малку повеќе и ќе ги погледнеме сите овие реакции, почнуваме да разбираме колку навистина се нефункционални овие работи.

Секој маж сака да биде во врска само со жена што ја почитува. Сето тоа извинување, плачење и трчање наоколу е всушност губење време и многу е веројатно дека ќе ја изгубите неговата почит и ќе се однесувате со вас како со играчка.

Не грижете се, тој сигурно нема да ја изгуби волјата да спие со вас, но тешко дека ќе сака нешто повеќе од физички контакт! Откако ќе ја отворите вратата за вакви ситуации, не очекувајте дека некогаш ќе биде повеќе од обична комбинација.

Наместо тоа, научете да владеете со себе без разлика колку ви е тешко и зачувајте го своето достоинство. Кога ќе му ги покажете вашите правила на игра и ќе му дадете до знаење дека раскинувањето не е крај на светот за вас, ќе станете жената со која ќе сака да остане засекогаш – се разбира ако има шанса за помирување.

Верувале или не, можете да продолжите да го користите ова златно правило дури и откако ќе го вратите. Ова е причината поради која се нарекува златно правило.

Секако, секогаш постои опција да продолжите понатаму и да го оставите минатото таму каде што припаѓа!