Месечно има по еден или два нови случаи на африканска чума во државата. Малите семејни фарми да ги применуваат биосигурносните мерки, а доколку не се сфатат сериозно препораките за преземање на соодветни мерки против африканската чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов за ТВ 24 ги посочува и дополнителните проблеми со кои се соочуваат, освен можниот недостиг на свинско месо.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, пак напоменува дека против вирусот на африканска чума засега нема вакцина, ниту лек и затоа секојдневно се апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и концесионерите на ловиштата да ги применуваат биосигурносните мерки.
Инаку, се работи за високосмртоносен вирус за домашните животни, кој предизвикува катастрофални последици во економиите на државите каде има голем замав, а во регионот речиси и да нема земја во која не е регистрирана болеста како кај домашната, така и кај дивата популација на свињи.