Богоев-Ивановска: Борбата против корупцијата значи поголеми приходи во буџетот и подобри услуги за граѓаните

Борбата против корупцијата ќе обезбеди поголеми јавни приходи и подобрени услуги за граѓаните. Ова денеска го истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со првиот човек на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Од Царинската управа информираа дека најважните мерки што се спроведуваат во моментов се утврдување на анкетни листи и изјави за интереси врз основа на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што велат, дополнително овозможува контрола на процесите.

„Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во интегративниот процес во ЕУ“. нагласи Богоев.