Борел: Мал дипломатски напредок во односите со Русија

 – Високиот претставник надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека видел „мал напредок“ во дипломатијата со Русија по состанокот на министрите за надворешни работи на индустриски најразвиените земји Г20 во Њу Делхи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остана во просторијата кога западните земји ја критикуваа Русија, за разлика од последниот состанок на министрите за надворешни работи на Г20 на Бали минатата година, кога тој излезе.

„Барем овој пат остана и слушаше. Ова е мало подобрување, но важно е. Мислам дека е подобро од ништо“, рече Борел.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ рече дека ќе се спротивстави на каков било обид за исфрлање на Русија од Г20, бидејќи „мораме да продолжиме да разговараме или барем да слушаме ако не зборуваме“.