БРИТАНИЈА ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН: Употребата на касетна муниција во Украина ја преминува црвената линија

Премиерот Сунак ги критикуваше САД за испраќање касетна муниција во Украина, и покрај забраната поддржана од ОК.
Велика Британија е потписник на конвенцијата која забранува производство или употреба на касетна муниција и ја обесхрабрува нивната употреба, изјави денеска премиерот на земјата Риши Сунак во врска со одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да одобри испраќање на касетна муниција во Украина.

Сунак, зборувајќи за новинарите, рече дека Лондон ќе продолжи да ја поддржува Украина против, како што наведе, „руската незаконска и неиспровоцирана инвазија“, пренесе Ројтерс.

Бајден одобри испраќање касетна муниција во Украина по едногласна препорака од неговиот тим за национална безбедност, изјави во петокот американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Американскиот претседател изјави дека одлуката за првпат на Украина да и се обезбеди касетна муниција е „тешка“, но дека донел таква одлука бидејќи на Киев му е потребна муниција во контраофанзива против Русија.

Конвенцијата, која забранува употреба на касетна муниција, ја потпишаа повеќе од 100 земји во светот, меѓу кои Велика Британија, Франција и Германија, додека САД, Украина и Русија не се потписнички.