БУЈАР ОСМАНИ ПО ТРЕТ ПАТ СТАНА ТАТКО – Министерот за надворешни работи ја сподели радосната вест, а го откри и полот и името на детето

Радост во семејството и домот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата сопруга Валбона – им се роди нивното трето дете, синот Лав.

Бујар и Валбона Османи

Бујар Османи радосната вест ја сподели на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме доаѓањето на нашето трето дете Лав. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство. Раѓањето на Лав ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам. Топли поздрави”, напиша Бујар Османи во објавата.