Веќе 17 години оваа земја официјално е најмирната земја во светот

Резултатите укажуваат на влошување на 11 показатели, а два останаа непроменети во текот на претходната година

Седум од десет земји се окарактеризирани како најмирни се наоѓаат на европско тло .

Од 23 GPI индикатори (англиски глобален индекс на мир), односно светски показатели за мир, само 10 покажале подобрување оваа година, покажуваат резултатите на Институтот за економија и мир (ИЕП).

Дури 84 земји имале подобрување во однос на мирот, додека 79 земји имале пад на мерењето, покажуваат резултатите од истражувањето на ИЕП, според „ Визија на човештвото “.

Вака изгледа топ 10 листата.

10. Швајцарија

Иако се уште важи за една од земјите кои забележаа најголем извоз на оружје во текот на минатата година, Швајцарија беше рангирана на десеттото место на листата на најмирни земји во светот .

9. Јапонија

Земјата на изгрејсонцето е на трето место меѓу земјите од азиско-пацифичкиот регион, додека на глобално ниво е на деветтото место на оваа листа.

8. Словенија

Единствената земја лоцирана во Централна Европа која е дел од оваа листа е Словенија, иако падна за едно место во однос на резултатите од претходните истражувања.

7. Португалија

Земјата се карактеризира и како петта најмирна меѓу европските земји , а во доменот поврзан со милитаризацијата Португалија е на четврто место.

6. Сингапур

Друга земја во азиско-пацифичкиот регион, Сингапур забележа значително подобрување, бидејќи нејзината позиција се подобри за дури три места во споредба со претходното истражување.

5. Австрија

Резултатите во речиси сите области кои се предмет на истражување се задоволителни, кога станува збор за Австрија како петта најмирна земја.

4. Нов Зеланд

Најмирната земја во азиско-пацифичкиот регион, Нов Зеланд се подобри во многу области, освен во економијата .

3. Ирска

Исто како и претходниот пат, Ирска зазема високо трето место на оваа листа, иако е на четврто место според економското влијание на насилството.

2. Данска

Данска дури се подобри за две места во однос на претходното истражување, бидејќи минатиот пат го зазеде исто така високото четврто место.

1. Исланд

И уште еднаш, веќе 17 години, Исланд официјално е прогласен за најмирна земја во целиот свет . Но, забележливо е и влошувањето на глобалниот резултат за четири отсто.