ВИДЕОТО СТАНА ХИТ – Огромна свиња ги изненади скијачите на Златибор, децата викаат: ПЕПА ПРАСЕ

Невообичаена ситуација се случи на планината Златибор во Србија, која е омилена туристичка дестинација на многу скијачи и љубители на природата.

Имено, на интернет се појави видео на кое се гледа како свиња трча по патека каде си играат децата и нивните родители.

Како што може да се слушне на видеото, едно од децата најпрвин извика „Пепа прасе“, а потоа почнаа да врескаат и се распрскаа на патеката.

„Диво прасе“, се слуша како вели едно момче на крајот од видеото.
Не е познато како свињата завршила на патеката, а видеото насмеа многумина.