(ВИДЕО) Сакраменто го расипа дебито на тандемот Ирвинг – Дончиќ

Сакраменто беше подобар од Далас со 133-128 во интересен и возбудлив натпревар кој беше решен после продолжението, и така го расипа дебито на тандемот Ирвинг – Дончиќ, од кого се очекува многу во продолжението на сезоната.

Инетересен меч во Сакраменто против екипа која е веќе воиграна и со одлична хемија, против тим кој и натаму мора да работи. НБА фановите имаа можност првпат на дело да го видат тандемот Дончиќ – Ирвинг на дело. Иако не разочараа, сепак, Кингси покажаа посилен карактер и благодарение на нивниот тандем Фокс – Сабонис дојдоа до победата.

Фокс со 36 поени беше најефикасен на средбата. На другата страна Ирвинг во својот дебитантски настап забележа 28 поени, а поен помалку уфрли Лука Дончич.

Повратникот во Бруклин во трејдот за Ирвинг, Спенсер Динвиди можеше да стане херој на Бруклин против Филаделфија. При предност од 101-98 за Филаделфија, Динвиди шутна тројка со звукот на сирената, и топката влезе во кошот. Меѓутоа после преглед на снимката судиите увидоа дека Динвиди доцна ја исфрли топката, и така Филаделфија се извлече.

Ембид беше најдобар стрелец со 27 поени.